Во чест на македонските сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј, вчера во Гевгелија за прв пат беше организирана литија низ улиците на градот со моштите на четириесет светители, преподобни и маченици.
На настанот учество зедоја голем број граѓани заедно со свештениците од Гевгелиското Архиерејско намесништво, а потоа пред црквата Св. Кирил и Методиј сите заедно го проследија настапот на ансамблот “Македонија”.