Прекрасни Божикни пештери изработени од вредните монашки раце во Бигорскиот манастир

Повторно наближува денот на Рождеството Христово – Божик, денот кога треба да се потсетиме на најголемиот дар на Бога за целото човештво, најголемиот израз на Неговата љубов – раѓањето Негово од Дева, заради спасението на светот, пишуваат на веб сајтот од Бигорскиот манастир.

Целиот текст ви го пренесуваме во продолжение:

И оваа година, покрај големите ангажмани околу подготовката на претстојниот јубилеј „1000 години Бигорски Манастир“, нашето сестринство со благослов на својот старец, архимандрит Партениј, се погрижи да изготви Божикни пештери и така да одговори на сè позасилениот интерес на верниците за вакви божикни украси.

Пештерите се направени од различни прикладни материјали, уникатно украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце и претставуваат прекрасно надополнување на Божикното дрвце, во духот на нашата православна традиција.

Ги известуваме сите заинтересирани наши верници дека доколку сакаат да си ги украсат своите домови со рачно изработена Божикна пештера, можат да пратат СМС или да се јават на следниoв броj 075 245 791 (сестра Филотеја) за нарачка. Цената на една пештера е 1800 денари. Може да се уплати на следнава жиро сметка:

ж-сметка: 270-0406888201-65

Депонент: Halk Bank, Македонија




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.