Прекрасна хорска изведба на “Вечниот Бог” oд учениците од III-3 oдд. при ООУ “Блаже Конески” Прилеп (ВИДЕО)

ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК – РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО – БОЖИК, третоодделенци од ООУ “Блаже Конески” Прилеп, под менторство на наставничката Весна Арсиќ-Црвенкоска, создадоа ремек дело преку прекрасна хорска изведба на песната “Вечниот Бог”.

Уметничка поддршка на учениците им беа женските членови на Црковниот хор “Св.Петка” од Прилеп: проф. Наталија Гарбеска, проф. Весна Станкоска, проф. Маја Јорданоска, Анита А. Николоска, Софија Настоска, проф. Марјан Златески (пијано), проф. Андријана Дукоска (виолончело) и диригент, проф. Јулијана Д. Златеска!

Вербата ја прави секоја мисија возможна, надежта го прави секој подвиг достижен, љубовта ги прави сите наши дела, прекрасни! Срцата да Ви бидат исполнети со блаженство, домовите со мир и хармонија – порачуваат дечињата и нивната наставничка, кои упатуваат благодарност и до протоереј, Љупче Петрески за отстапениот простор во Храм „Св. Петка” населба Точила, Прилеп, како и до „KL Produkcija“ за прекрасното видео!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.