Прекрасна новогодишна бајка во Битола и синоќа – останатите треба да учат од ова (Фото/Видео)

Пред три дена на платото пред реновираниот офицерски дом во Битола, се одржува прекрасна претпразнична програма насловена како “Зимската приказна”.

Општина Битола се погрижи во деветдневната програма да има по нешто за сите, од најмалите до највозрасните. Детски претстави, дружење со Дедо Мраз, богата музичка програма во вечерните часови, куќарки со слатки задоволства, пијалоци, сувенири…

Сето ова е дел од битолската “Зимска приказна” што наиде на позитивен одзив кај битолчани, но и жителите од околните општини.

Kaко љубопитни, но и по малку љубоморни соседи, синоќа отидовме и се уверивме во одличната програма, а наидовме и на стотици млади и весели луѓе.

Ова е само мал дел од атмосферата која ја направија од групата “Боеми”:

Секоја чест за битолчани што во ова време невреме, успеаја да внесат позитивна енергија во голем број луѓе.

А вие не чекајте, програма има секој ден до Нова година. 44 км далечина од Прилеп е премалку за да не се ужива во ова.

Целосната програма на “Зимската приказна” во Битола можете да ја погледнете ТУКА, а повеќе фотографии и видеа погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.