Прекрасна атмосфера во Офицерски во Битола: Со знамиња и транспаренти, битолчани навиваа за Ана и Алексеј (Фото галерија)

Во организација на основното училиште „Даме Груев“ и со поддршка на општина Битола, во Кристалната сала на Офицерскиот дом синоќа голема
поддршка добија македонските претставници на детската Евровизија, Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски.

Со знамиња, транспаренти и други навивачки реквизити, битолчани, меѓу кои и градоначалникот Тони Коњановски, како и професорите и учениците од основното училиште „Даме Груев“, каде што учат нашите евровизиски претставници, со громогласен аплауз и овации го дочекаа и испратија
настапот на Ана и Андреј, на детската Евровизија, која се одржа во шпанскиот град Мадрид.

За прв пат од одржувањето на детската Евровизија, имаме битолски претсавници, кои одлично не’ претставија во Мадрид, со својот сценски
настап и музичка изведба на песната „Маратон“.

Градоначалникот Тони Коњановски, пред заминувањето во Шпанија, ги прими во својот кабинет Ана и Алексеј и изрази задоволство што овогодишните претставници се токму две млади лица од нашиот град, кои ја претставуваат Македонија и Битола, при што им посака успех и желба за што поголем пласман на овој настан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.