Американската НБА лига доцна синоќа објави дека сите натпревари во наредните денови се одложени, откако беше потврдено дека еден од играчите на Јута Џез бил позитивен на коронавирус.
Резултатот дека еден од “џезерите” е позитивен на тестирањето беше објавен пред самиот почеток на натпреварот помеѓу Јута Џез и Оклахома Тандерс, а играчот кој е позитивен на вирусот не бил во арената.
После тоа беше одложен и натпреварот помеѓу Сакраменто Кингс и Њу Орлеанс Пеликанс.
Засега не е познато до кога натпреварите ќе бидат одложени.