Презентирани нови мерки за вработување

222

 

Градоначалникот Марјан Ристески и директорката на АВРМ – Прилеп Силвана Пашоска, денеска ги презентираа новите мерки за вработување. Станува збор за проектот „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места“, „Проект за самовработување со кредитирање“ и „Самовработување со неповратни средства во грантови“.
Преку првиот проект, пријава може да достави правен субјект (микро и мало претпријатие) кој е регистриран најмалку 1 година, кој има најмалку 1 вработено лице минимум 3 месеци пред денот на објавување на јавниот оглас, и кој воедно не го намалил бројот на вработените во последните 6 месеци. Целта на вториот проект е на заинтересираните невработени лица, активни баратели на работа коишто сакаат да започнат сопствен бизнис да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн. И на третиот проект може да се пријават невработени лица активни баратели на работа евидентирани во Агенцијата за вработување кои ќе добијат обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистирање дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјал и менторство во тек на почнување на бизнисот.
Досега 625 лица на територијата на Прилеп, имаат добено работа преку проектот „Самовработување со неповратни средства во грантови“ и 52 преку проектот „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места“, посочи во својата изјава директорката Силвана Пашоска.
Сите баратели на работа и заинтересирани можат повеќе информации да добијат на следниот линк: http://www.avrm.gov.mk/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.