На гала свеченост во МНТ, Фудбалската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2018/2019.
Елиф Елмас е најдобриот наш играч кој е репрезент во странство. Висар Муслиу, како играч на Шкендија е најдобриот фудбалер.
Југослав Тренчовски е најдобриот тренер, Влатко Стојановски најдобар стрелец. За најдобар млад играч беше прогласен талентот на Вардар Џемаил Ибиши.
Награда за животно дело доби Атанас Костовски, а постхумна награда за придонес во развојот на македонскиот фудбал доби Слободан Вујчиќ Брацо, големиот пријател на Македонија и нашиот фудбал.
Награда доби селекцијата до 19 година која оствари пласман во елитните квалификации за ЕВРО. Стефан Ристовски пак, доби посебно признание за развој на репрезентативниот фудбал.
Сите награди по категории погледнете ги ТУКА