Во 2014 година Прилеп доби уште еден капитален и историски објект – капела, која се изгради на новите градски гробишта и која е една од најголемите во Македонија. Нејзината изградба чинеше 25 милиони денари. Сега наместо дома граѓаните почитта кон починатиот и дел од верските обреди ги извршуваат тука.
Таа е проектирана по сите норми и стандарди за изведба на објекти од ваков карактер. Изградена е на парцела од 4.500 м2 со градежен и 1.000 м2 со корисен дел, додека пак 750 м2 отпаѓаат на урбанизираното плато пред капелата.
Во Капелата можат да се одвиваат 4 погребални церомонии истовремено, а внатрешниот ентериер е осмислен да ги задоволува сите потреби за верските обреди и погребални церемонии.
Исто така инсталирана е и мортална касетна комора со 9 засебни комори и еден замрзнувач. За потребите пак на семејствата на упокоените се издвоени и посебни простории.
Деновиве интензивно се гради и уште една капела во Прилеп, на старите градски гробишта. Инвестицијата е 120.000 евра и ова ќе биде втора капела која се гради во Прилеп во период од само 3 години.
Изградбата на оваа капела е барање на жителите од Прилеп кои имаат гробни места на старите гробишта. Средствата за овој проект се обезбедени од Здружението кое управува со овие гробишта, но исто така дел од средствата ќе бидат обезбедени и од локалната самоуправа.
Оваа капела ќе биде од помал обем за разлика од онаа на новите градски гробишта каде може да се изведуваат и по 4 погребални церемонии истовреме и во неа ќе може да се изведува само една погребална церемонија.
Се очекува изградата на капелата да биде завршена кон крајот на месец мај или почеток на јуни кога би била и пуштена во употреба.