Пред 2000 навивачи Реал Мадрид го претстави чудото од дете за кого плати 40 милиони

Реал Мадрид го презентираше 18-годишниот Бразилец Винициус Жуниор, играчот кој од Фламенго пристигна за 40 милиони евра.

Тинејџерот, кој може да игра како крилен играч и напаѓач им се приклучи на “кралевите” за рекордна сума која клубот ја платил за играч помлад од 19 години.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез рекол дека Жуниор е играч кој се смета за една од најголемите надежи на бразилскиот и светскиот фудбал.

Во 37 настапи за Фламенго изминатата година тој постигна 7 голови.

За презентацијата да биде спектакуларна Реал го покани Бразилецот Роналдо кој му правеше друштво на младиот играч на Сантијаго Бернабеу.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.