Сузи Хемптон во 1997 година имала 10 години и тогаш во Северно море пуштила пластично шише со порака во него. Пораката преживеала 20 години, 350 километри патување и пронајдена е на островот Влиленд во северна Холандија.
Шишето со порака го пронашол Питер Шапер кога ја чистел плажата, а сега се надева дека ќе ја пронајде Сузи која денес има 30 години, пишува “Mirror”.
Пораката била адресирана “на било која личност која ќе ја пронајде”.
Bijzondere vondst van @Oude_Kooi tijdens #strandschoonmaak op #Vlieland. #flessenpost van 20 jaar geleden uit #Kent #UK. pic.twitter.com/oJAOF4ZkU5
— Anke Bruin-Kommerij (@Lange_Paal) April 4, 2017
– Здраво. Моето име е Сузи Хемптон. Имам 10 години. Ова шише во вода го оставив на 25 август 1997 година. Дали можете да ми пишите и да ми кажете кога и каде сте го пронашле? Мојата адреса е “49 King Road, Minste-on Sea, Kent, ME12 THL”- пишува во пораката.
Питер кој го ја пронашол пораката вели дека таа е специјална и дека ова писмо патувало 20 години.
Сузи не живее повеќе на истата адреса, а се претпоставува дека го нема истото презиме.
Ф.Г.