Пред само една недела Скопје беше блокирано за неговиот дочек, а денес Курти не нарекува “привремена држава”?!

Проектот за размена на територии беше целосен неуспех, но идејата се уште живее во Белград. Таму, сите соседни земји кои не се интегрирани во ЕУ, како БиХ, Црна Гора, Косово и Македонија, се сметаат за привремени држави“, рече премиерот на Косово, Албин Курти, цитиран од Б92.

Според него, Србија „ја имитира Руската Федерација и, со зајакнување на сателитските парадржави, сака да ги прикаже своите соседи како нефункционални и да ги претвори во пропаднати држави“.

„Република Косово нема да го дозволи тоа, независно Косово останува тука и е посилно како држава со функционални институции, кое излегува од економската криза и напредува кон Запад. Ние никогаш не се сомневавме во тоа, нашата цел е да влеземе во НАТО и ЕУ“, рече Курти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.