Пред преполна “Маракана” во Скопје, прилепските блуз амбасадори славеа 25 години постоење – јубилеј со каков ретко кој може да се пофали (Фото/Видео)

Во средата пред преполна “Маракана” во Скопје, најпознатите македонски блузери од Прилеп Crossroad Blues Band прославија 25 години постоење, јубилеј со каков ретко кој може да се пофали.

На јубилејниот роденден им дојдоа над 400 гости, а нивниот репертоар беше збогатен со заеднички изведби со Игор Атанасовски – Харе, Петар Ренџов и голем број други пријатели и гости.

Настанот беше во организација на Cotton Blues Festival, од каде направија се’ за публиката да ужива во еден прекрасен концерт.

25 години постоење на македонската музичка сцена, стотици и стотици настапи низ државата и странство, огромен број пријатели, голема почит од сите екс ЈУ републики, три студиски албуми… тоа е Crossroad Blues Band – светско, а наше!

Секоја чест и да се множат јубилеите! Во продолжение погледнете дел од атмосферата на концертот:

Бендот го сочинуваат фронтменот и гитарист Давид Нешкоски, Бранко Нешкоски гитара, Љупчо Шилоски бас гитара,Зоран Насески тапани и бек вокалите Викторија Георгиоска и Александра Трајческа.

Повеќе фотографии од концертот погледнете ТУКА

ФОТО/Cotton Blues Festival/Facebook




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.