–Куќите ни се легализирани и имаме подмирено секакви комунални давачки кон општината, а сеуште не тураат асфалт, вака реагираат жителите од улицата “Маргара”на делот каде од општината ја израмниле улицата, но не си ја завршиле до крај работата.
Тие велат дека се соочуваат со горлив проблем особено кога времето е врнежливо и бараат од општина Прилеп најбрзо да го асфалтира овој дел од улицата.