Новиот мобилен телефон од Самсунг “Galaxy fold 2” ќе се појави на пазарот оваа година, а се шпекулира дека тоа ќе се случи во јули.
Минатата недела се појави “Galaxy Z flip”, а веќе се зборува за новиот смартфон на преклоп под називот “Galaxy fold 2”, како наследник на актуелниот модел.
Според пишувањата на јужнокорејските медиуми овој телефон ќе има селфи камера под екранот.
Овој уред ќе има 7,7 инчи главен екран, нешто поголем од првиот “Galaxy fold”, кој има 7,3 инчи екран. Наводно ќе биде претставен во јули и тоа е невообичаен термин, затоа што е познато дека Самсунг своите нови модели од серијата “Galaxy”, секоја година ги претставува во август.
“Galaxy fold 2” би требало да чини 1980 долари.