Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, на ден 25.12.2015 година во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, ја организираше предновогодишната програма, која истакнати деца членови на Амбасадата ја прикажаа во чест на децата со посебни потреби од ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп.
За педесетина деца од ова училиште се изведи пригодна програма, за ресоцијализација и правилен психо-физички развој на овие деца, но и за истакнатите деца членови, кои даваат посебен придонес во градењето на хуманистичкото општество.
Оваа традиционална предновогодишна приредба е помогната од „ДЕ-НИ 93“ од Прилеп и г-дин Тони Златески, кои веќе 6 години донираат новогодишни пакетчина за децата од оваа програма, кои се навистина многу значајни за нив.