Предниот дел од автомобилот смачкан: Ова се фотографиите од кобната несреќа на излезот од Битола, во која загина едно лице, а 20 беа повредени

Битолчанецот К.К. (42) го загуби животот, а 19 лица се со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа која се случи вчера попладнето на регионалниот патен правец Битола – Демир Хисар.

Од СВР Битола потврдија дека во сообраќајката која се случила вчера во 14:57 часот учествувале патничко возило „пежо“ и комбе, и двете со битолски регистарски ознаки.

-Сообраќајна несреќа се случи меѓу комбе управувано од А.С. (25 г.) од селото Вирово, демирхисарско, кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика, и патничко возило „пежо“ управувано од К.Ј. (36 г.) од Битола. На лице место починал совозачот на патничкото возило К.К. (42 г.) од Битола, потврдија од СВР Битола.

Во изјава за МИА, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола посочи дека веднаш по сообраќајката, во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица и кај нив е изврешено компјутерско снимање, додека лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во сообраќајката. Сите лица се надвор од животна опасност, изјави за Ивановска.

Во тек е истрага за причините за тешката сообраќајна несреќа.

Во меѓувреме се појавија и фотографии од лице место каде се случила страшната и кобна несреќа.

Фотографиите ги објави новинарката Каролина Дурло.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.