Вечер.мк дознава дека Судот за човекови права во Старзбур одлучил дека аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, од април 2016 година, со која од пpoгон се аболицирани 54 лица – важи, не е и не може да биде повлечена или укината. Со тоа, најголем дел од предметите кои сега се во фаза на судење по обвинение од СЈО паѓаат во вода, мора да се запрат, а обвинетите или ocyдените да бидат ослободени од пpoгон или kaзна, пренесува Вечер.мк.
Одлуките на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, според нашето право, се оврзувачки за судовите. Според сознанијата на Вечер.мк Судот во Стразбур за својот став ја известил и македонската влада уште на 14 Септември, и решил одлуката да се спроведе во две фази. Владата оваа информација досега ја криела од јавноста.
Првата фаза е да се наложи на извршната и судска власт да најдат начин спогодбено да се спроведе одлуката од Стразбур во договор помеѓу правосудниот систем и пpoгонетиот, односно обвинетите или ocyдените. Рок за ова е до 20 Декември годинава. Со ова треба самиот суд, или сега веќе Јавното обвинителтво кое ги презема предметите од СЈО да се спогодат со обвинетите за повлекување на предметите без барање трошоци, надомест на штета и слично.
ЦЕЛАТА СТАТИЈА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА ВЕЧЕР.МК.