Со одлично второ полувреме и голема пожртвуваност, ракометарите на РК Прилеп забележаа победа на стартот од суперлигашката сезона.
Во спортската сала “Ристе Ристески-Ричко” вечерва гостуваше РК Бутел, каде тренер е поранешниот репрезентативец на Македонија од Прилеп, Горан Кузманоски – Таста.
Иако на полувремето губеа со 11:13, амбициозниот тим на прилепчани, предводен од капитенот Филип Велески, ги консолидираше своите редови и возврати со пожртвувана игра, па со 17:14 во второто полувреме, домашната екипа стигна до вредна победа од 28:27.
Ова е одличен почеток, ако се има во предвид дека РК Прилеп летово донесе повеќе засилувања, ги задржа добар дел од своите искусни ракометари, а потписот со нов генерален спонзор е мотив повеќе екипата да атакува на место во горниот дел табелата ,и да се надева на излез на европска сцена.