Преговорите меѓу Русија и Украина завршија, закажана е уште една средба: Двете делегации излегоа со изјави

Околу 17 часот по локално време, по пет часa завршија преговорите меѓу делегацијата на Русија и Украина.

Според надлежните, преговорите ќе продолжат и во наредните денови.

Како што изјави советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подољак, главна тема на преговорите била дискусијата за примирјето во Украина.

– Руската Федерација и Украина го утврдија бројот на приоритетни теми за кои донесоа одлука – рече Подољак, пренесува РИА.

Шефот на руската делегација рече дека двете страни нашле теми за кои се очекува усогласување. Делегациите треба да се вратат во своите престолнини пред да се одржи нова рунда преговори, пренесува Спутник.

Руската делегација ја предводеше помошникот на претседателот Владимир Медински. Претходно кабинетот на Влодомир Зеленски соопшти дека „клучното прашање на преговорите е итен прекин на огнот и повлекување на војниците од територијата на Украина“.

Да потсетиме, преговорите се водеа на територијата на Белорусија. По речиси два часа, двете страни доцнеа на преговарачка маса.

Руската делегација вчера пристигна во Минск и чекаше да почнат преговорите, но украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не се согласува со преговорите на територијата на Белорусија. Сепак, по попладневниот разговор со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, планот беше променет и Украина се согласи на разговорите.

Средбата се очекуваше да започне синоќа. Имаше информации и дека средбата започнала, што руската страна ги демантираше. После тоа стигна потврда дека средбата ќе се одржи денеска.

Белоруското Министерство за надворешни работи рано утринава објави фотографија од просторијата во која ќе се водат преговорите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.