Во меѓувреме, официјално молк од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за тоа во која насока течат преговорите. Прашањата за употреба на јазикот и СЈО остануваат камен на сопнување. Дел од медиумите објавија дека прашањето за употреба на јазикот би се решило со законски решенија, а не со измена на Уставот. Од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема потврда ниту демант. Рокот за формирање на нова влада истекува во недела
На два дена пред истекот на крајниот рок за формирање на влада, привршуваат внатрепартиските консултации во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. По состанокот меѓу потпретседателите во Мала Речица, за утре попладне е најавено и Централно претседателство на интегративците за конечна одлука околу коалицијата. Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити деновиве во изјава за медиумите ги отфрли сите шпекулации дека, наводно, партиското раководство било против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се договорат за условите за формирање влада, раководството на СДСМ е подготвено да ги прифати сите точки од заедничката платформа на албанските партии за веднаш да направи министерски состав. Иако јавно не се изјасниле дека ја поддржуваат платформата која ја подготвија Албанците, се поочигледна е поддршката што ја добива од Заев, имајќи предвид дека и самиот тој ја ветуваше во предизборната кампања.
Изјави дека нова и одговорна влада би можела да се посвети на реформските приоритети и вели дека треба да биде формирана според изразената мнозинска волја на граѓаните.
Коалицирањето на Заев со ДУИ не би било на иста линија со неговите изјави од пред изборите за корумпираноста на ДУИ и дека и опозиционо настроените партии од албанскиот блок со кои и тој разговараше се борат, како што рече, против режимот на Груевски и Ахмети.