На патот Прилеп-Крушево вчера во 18 часот се случила страшна сообраќајка во која 35-годишниот П.К. од селото Големо Коњари, со своето возило Голф, удрил во пешак од Прилеп кој туркал велосипед со себе.
Се работи за 65-годишниот Б.Р. од Прилеп кој се здобил со тешки повреди и бил итно префрлен од болницата во Прилеп, на Ургентниот во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од Полицијата во Прилеп.