-Вчера во 21:05 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Л.(26) од Битола, удрило во 21-годишната П.Т.М. од Гевгелија, со престој во Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Т.М., констатирани во Клиничката болница Битола.