Македонскиот елетропреносен систем оператор-МЕПСО јавно соопшти превентивни мерки и препораки за поголема внимателност на пелагониските земјоделци кои работаат на своите земјоделски површини што се наоѓаат во близина на далекуводи од преносната мрежа.
Од МЕПСО на земјоделците им порачуваат да одбегнуваат минување со земјоделска механизација под трасите на далекуводите од преносната мрежа и во нивните безбедносни коридори и посебно да не се поминува под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација.
Секторот за односи со јавност на МЕПСО препорачува земјоделците да не поставуваат цевководни системи за наводнување на земјодески површини во трасите на далекуводите, да не се креваат во височина метални цевки од системите за наводнување во далекуводните траси и други метални елементи особено под проводните јажиња, и, исто така, да не се поставуваат прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа, бидејќи допирот на водниот млаз со проводните јажиња може да биде опасен по живот на лице кои се наоѓа под трасата на далноводот.
Од МЕПСО ги потсетуваат пелагониските земјоделци дека не е дозволено палење на стрништата во близина на далекувод, бидејќи се голема потенцијална опасност за материјална штета на опремата на далноводот и загрозување на работата на МЕПСО.