Прв јавен собир за изготвување на локална стратегија за климатски промени на Општина Прилеп

2

Милиеуконтакт Македонија, во рамки на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, заедно со локалната партнер организација Центар за граѓанска иницијатива и Општина Прилеп одржаа прва јавна средба на чинители за развој на стратегија за климатски промени на Општина Прилеп. Целта на состанокот е презентација на методологијата на Зелена Агенда за креирање на локални стратегии за климатски промени, како и целокупниот процес на спроведување на проектот и резултатите од спроведената анкета за зачувување на вредностите на општина Прилеп. Во рамките на состанокот се формираа и работни групи составени од граѓани по тематски определби врз основа на претходно избрани вредности, кои ќе работат на развивање на локална стратегија за климатски промени. На средбата присуствуваа директорот на Милиеуконтакт Македонија, г-дин Игор Славкоски, градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Марјан Ристесњки , како и значителен број на заинтересирани општински чинители, вклучувајќи други претставници од општината, граѓани, претставници од локалната партнер организација, како и претставници од локалната бизнис заедница. Проектот на УСАИД за подготовка на општински стратегии за климатски промени, имплементиран од Милиеуконтакт Македонија, до сега успешно се спроведува во осум општини: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово/Ростуше, Боговиње, Студеничани и Виница. Оваа година, активностите се проширија на уште две општини, Прилеп и Делчево.

3

4

5

6




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.