Прво се судриле со возилата кај “Градска” во центарот на Прилеп, па се степале – едниот завршил со убодна paна

-На 03.10.2025 во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски Бранители“ со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43) од Прилеп и патничко возило „ауди а3“ со прилепски регистарски ознаки. Според пријавеното, веднаш потоа настанала расправија помеѓу М.Џ. и возачот на возилото „ауди“, кој притоа со остар предмет го нападнал М.Џ. и му нанел убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот – стои во полицискиот билтен на МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.