Прво место за франкофоните од гимназија “Мирче Ацев” Прилеп

prvo-mesto-frankofonija

Група ученици од Гимназијата „Мирче Ацев“ кои го изучуваат францускиот јазик зедоа учество на Натпреварот по франкофонски театар „Една личност – една професија“, во организација на Францускиот институт во Скопје. Натпреварот се одржа на 19.03 во Младинскиот културен центар во Скопје и на истиот учествуваа екипи од повеќе средни училишта во Македонија.

Tеатарска екипа во состав Дарио Илиоски, Боркица Тинтоска, Симеон Мерипушкоски, Симона Стризлоска и Теодора Тасевска во режија и под менторство на професорката Мирјана Бошкоска, со волонтерите Yoan Schumacher и Albane de Lisle како сценаристи изведувајќи го на француски јазик десетминутниот скеч “Un métier peut en cacher un autre” („Позади една професија се крие друга“),  ја насмеа присутната публика и ја воодушеви жири комисијата.

pretstava-frankofonija-teatar

frankofonija-pretstava-prilep-gimnazija

frankofoni-prilep-pretstava

frankofonska-pretstava

makedonija-frankofonija-2016

Токму поради одличниот настап и впечатокот кај го остави, нашата театарска екипа го освои првото место на овој натпревар.

pobednickata-ekipa-frankofonija-2016

Водени од желбата за повеќе меѓусебно дружење говорејќи го францускиот јазик и истакнување на своите таленти, со максимална посветеност и вложување на својот труд, учениците овозможија претставување на нашата Гимназија, а воедно и нашата држава на Франкофонијата на балканско ниво во месец април во Стара Загора, Бугарија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.