Прво место за прилепчанецот Илија Белистојаноски во Софија

Ilija-Belistojanoski

Младиот тенор Илија Белистојаноски го освои првото место на натпреварот „Руска романсијада“ која се одржа во Софија.

Во рускиот информативен центар во Софија на натпреварот кој се одржа од 6-ти до 9-ти ноември, 2015 г. учествуваа над 30 натпреварувачки, меѓу нив и десетина од Македонија.

Големиот број на македонски оперски натпреварувачи е благодарение на големата заложба на пијанистката Елена Силјановска од МОБ, која несебично работеше со нив на интерпретацијата на романсите од нејзината родна земја.

Претседател на комисијата беше Заслужниот уметник на Русија, Галина Сергеевна Преображенскаја, а во жирито, покрај познатиот бугарски баритон Петар Данаилов, биле професори и актери од софиската академија.

Инаку, младиот тенор имаше успешни настапи на концертите на студентите на Факултетите за Музичка уметност од Скопје и Штип, на концертот „Коста Трпков“ со оркестарот на МОБ. Надареноста и техниката на изведувањето на тенорот Белистојаноски не остана незабележана од страна на дирекцијата на МОБ, која во мај 2015 г., уште како студент, го повика да настапи на отворањето на Мајските Оперски Вечери 2015 во улогата на Малколм во „Макбет“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.