Првото коло во Првата македонска фудбалска лига ќе помине во знакот на Пелагониското дерби, помеѓу екипите на ФК Победа и ФК Пелистер. Стариот сјај на македонскиот фудбал се враќа, најфудбалските градови во Македонија, Прилеп и Битола, имаат за што да живеат.
На стадионот “Тумбе кафе” во Битола, Победа ќе го има приматот домаќин поради градежните зафати на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп.
Терминот за одигрување на натпреварот е недела, 07.08 со почеток од 17:30 часот.
Навивачката група “Мајмуни” ве повикува да бидете дел од навивачкиот караван и заедно да навиваме за минатогодишниот шампион во втората лига и шампионски со победа да ја започнеме новата сезона.