Кога станува збор за општинските училишни натпревари во фудбал во женска конкуренција, првото место како да се резервирано за учениците од ООУ “Страшо Пинџур”, oд с. Мало Коњари Прилеп.
На вчерашните натпревари кои се одиграа на теренот со вештачка трева, тие со три победи, заслужено го освоија првото место.
Во првиот натпревар по изведувањето на пеналите, беа подобри од ученичките на ООУ “Круме Волнароски” oд с. Тополчани. Во полуфиналниот натпревар пак со дури 5-0 ги победија девојките од ООУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Финалниот натпревар беше исто така убедливо добиен со конечни 3-0 против екипата на ООУ “Рампо Левката” .
Следно за што ќе се подготвуваат овие девојки е регионалниот натпревар, кој ќе се одржи на 4ти април.