ПРВИ ФОТОГРАФИИ од косовските колони со полициски камиони во Јужна Митровица: Што ли се случува?

Ние не сме преместувале воени и полициски сили. За што се подготвуваат, не знам – порача Вучиќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска за време на состанокот со претставниците на Србите од Косово и Метохија, бил известен за движењето на припадниците на Специјалните единици на косовската полиција.

“Одат кон јужниот дел на Митровица. Доаѓаат припадници на РОСУ и КБС, се движат во големи камиони полни со луѓе, кон јужна Митровица, веројатно и кон Баир”, рекол Вучиќ.

Тој додал дека ниту еден припадник на КБС од српска националност не е повикан на работа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.