Според првичните резултати претставени од Државната изборна комисија на Хрватска, Зоран Милановиќ е новиот претседател на државата.
Имено, Зоран Милановиќ освоил 53,58 проценти од гласовите. Актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ има 46,42 проценти од гласовите. Милановиќ победи и во првиот круг на изборите.
Како и во првиот круг, гласачите гласаа на вкупно 6.533 гласачки места, од кои 6.409 во Хрватска, а 124 во 47 држави во светот, од кои една третина (44) во Босна и Херцеговина.
На гласачкото место во ОШ Петар Зрнски во Загреб дојде и до инцидент, кога еден човек вербално го нападна Милановиќ.