ПРВИТЕ ЗБОРОВИ НА ФЕРГУСОН ОТКАКО СЕ РАЗБУДИЛ ОД КОМА: Легендарниот шкотски тренер со едно прашање ги насмеа сите во болницата

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон (76) беше примен во болница поради лоша здравствена состојба, а по будењето од кома изговорил неколку зборови со кои ги насмеал сите во болницата.

Британските медиуми пренесуваат дека 76-годишниот Фергусон е во подобра состојба. Тој се пробудил од кома и разговарал со семејството и ги прашувал за резултатите од лечењето.

Меѓутоа, во јавноста се појави информација за тоа кои биле првите зборови на легендарниот Ферги по будењето од кома.

“Како помина Донкастер во последното коло?”, го прашал Фергусон неговиот син Дерен кој е тренер на овој третолигаш.

Фергусон беше итно примен во болница во саботата вечер, кога било утврдено дека има мозочен удар, односно излив на крв во мозокот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.