Заменик претседателот на Комитетот од Советот на федерацијата за меѓународни прашања, Владимир Џабаров, смета дека прелиминарните податоци за гласањето во клучните американски држави “кажуваат” дека актуелниот претседател Доналд Tpaмп е на пат да го повтори успехот кој го имаше пред 4 години.
“Можно е Tpaмп да го повтори успехот на претседателски избори, остварувајќи победи во клучните држави”, изјави Џабаров, а пренесува Спутник.
Тој нагласува дека сите гласови ќе бидат преброени за една недела.
“Колку што ќе биде помала разликата меѓу кандидатите, без убедлива победа барем за 5-6%, можно е да дојде и до немири во Америка, такво е расположението во американското општество”, предупреди тој.