Прва реакција на руската црква: Ние исклучиво го признаваме канонското право на СПЦ во Македонија

Руската православна црква го признава исклучиво канонското право на Српската православна црква во Северна Македонија, порача секретарот на Одделението за надворешни црковни врски од Московската патријаршија, протоерј Игор Јакимчук, а пренесува српски Курир.

-Ставот на РПЦ пред се ќе го земе предвид пристапот кој тој проблем на Српската црква, на која и понатаму и признаваме сите права во Северна МАкедонија, изјавил рускиот претставник.

Вселенската патријаршија денеска соопшти дека ја призна Македонската православна црква и дека ја прими во заедницата на православни христијански цркви.

Ненадејната одлука на Вселенската партријаршија да го признае канонството на нашата црква остави дилема што ова значи и зошто наместо Македонската православна црква ќе не ословуваат со Охридска ариепископија.

Навистина во соопштението од Цариград никаде не се споменува Македонска православна црква туку се користи името „Охридска“. Но и самата МПЦ во своето име пред неколку години го додaде терминот ОА и со тоа се повикуваме на континуитетот на древната Охридската архиепископија на Св.Климент и Наум.

По денешната одлука Охридска Архиепископија влегува во канонско единство со Вселенската Патријаршија и со другите православни цркви.

Но, важно е да се напомене дека ова не значи целосна автокефалност туку дека за тоа да се случи ќе треба да продолжат разговорите со СПЦ која го има томосот.

Случајно или не Синодот на МПЦ утре ќе одржи седница на која се дискутира за последната средба на претставници на двете цркви во Ниш. Оптимистичките прогнози се дека летово би можело да има договор а поткрепа на ова е и денешната вест од Цариград.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.