После 5 месеци нова локална власт во Прилеп, конечно е променет еден од директорите во средните општински училишта.
Првата измена е направена во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” каде на местото на досегашната директорка Билјана Трајкоска, како што дознаваме е назначена Цветанка Ѓорѓиоска, професорка по физика во ова училиште.
Ова е прва промена на раководните места во средните училишта, откако во октомври минатата година дојде до промена на локалната власт во Прилеп.
Во изминатиот период нови директори добија основните училишта: “Климент Охридски”, “Кире Гаврилоски”, “Гоце Делчев”, “Рампо Левката”, “Добре Јованоски”, “Кочо Рацин”, “Страшо Пинџур”, “Круме Волнароски” и основното музичко улилиштe “Ордан Михајлоски-Оцка”.