Прва ораторска вечер во организација на Ротари Прилеп – 19 млади луѓе добија громогласни аплаузи за своите говори (Фото галерија)

На 10.12.2025 година, на истиот ден кога се прославува Меѓународниот ден на човековите права, во преполната сала на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, Ротари клубот од Прилеп ја одржа Првата градска ораторска вечер, насловена: „Правото на изразување, без цензура и ограничување“.

Нашите емоции се’ уште се многу силни за да можеме со зборови да ги искажеме задоволството и радоста од она што беше презентирано
Громогласни аплаузи се слушнаа 19 и повеќе пати за исто толку учесници на настанот, сите ученици во средните општински училишта во градот и еден претставник на Ротаракт клубот Прилеп!

-Слушајќи ја младината, заеднички беше заклучокот дека, Македонија има иднина! Се согласивме дека нам ни се потребни повеќе настани на коишто младината ќе го има главниот збор! Во тоа име, ветуваме дека овој настан ќе прерасне во традиција! Ја користиме приликата да се заблагодариме на жири комисијата којашто стручно ја заврши својата работа, на сите учесници – оратори, ротаријанци, ротарактовци и пријатели, велат од “Ротари Клубот” од Прилеп.

Наградени оратори се:

Прво место – Евгенија Димитриовска;
Второ место – Марко Костадиноски;
Трето место – Мила Вршкоска

Наградените добија пехари, дипломи и парични награди, додека сите учесници – оратори добија дипломи за учество на ораторската вечер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.