По успешните две детски олимпијади во Битола, компанијата IW CONNECT со гордост ја најавува првата детска Олимпијада со Менде во Прилеп, која ќе се одржи на 3 септември со почеток во 17 часот, на обновените спортски терени кај “Могилата на непобедените”.
Овој спортско-едукативен настан е создаден за сите деца од 5 до 10 години, со цел преку забавни игри и тимски активности да се поттикне спортскиот дух, тимската соработка и љубовта кон движењето.
Во организација на IW CONNECT и со поддршка од компаниите ,,Витаминка”, ,,Прилепска Пиварница”, ,,Алкалоид”, едукативниот центар „Шампиони“, како и покровителството на порталот Маркукуле, се најавува уште едно незаборавно детско дружење полно со смеа, радост и изненадувања.
Што ве очекува?
-
Бесплатно учество за сите деца
-
Тимски игри во шест групи со различни забавни активности
-
Медал за секој учесник и ознака со која ќе се знае во кој тим припаѓа
-
Голема доза на забава, спорт и нови пријателства
Правила за пријавување:
-
Право на учество имаат сите деца на возраст од 5 до 10 години
-
Пријавите се отворени додека не се пополнат местата
-
Учеството е целосно бесплатно
Сите заинтересирани родители и деца можат да се пријават преку следниот линк:
https://iwconnect.com/kids-olympics-2025-prilep/
Не пропуштајте да го резервирате вашето место и да бидете дел од ова спортско-едукативно патување! Ајде на Олимпијада со Менде во Прилеп – каде најмалите се најголеми победници!
Додека вие ги пријавувате дечките од 5 до 10 години, организаторите подготвуваат програма и за уште помалите. Следете не’, наскоро повеќе детали!