Прва градска ораторска вечер во организација на “Ротари клубот” од Прилеп – Ќе се натпреваруваат 19 учесници

Во организација на Ротари клуб Прилеп, на 10 декември 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе се одржи првата градска ораторска вечер во Прилеп, по повод Меѓународниот ден на човековите права.

На настанот ќе настапат вкупно 19 учесници, најголемиот дел ученици од средните училишта од Прилеп, а еден од нив е и повозрасен учесник – член на Ротаракт клубот, кој ќе придонесе со своето искуство и поглед кон темата.

Темата на ораторската вечер е:
„Правото на изразување без цензура и ограничување“, преку која младите ќе имаат можност јавно да ги искажат своите ставови, размислувања и пораки за слободата на говорот.

Настапите ќе ги оценува стручна комисија составена од три професорки по македонски јазик, кои ќе го следат ораторскиот израз, аргументацијата и јавниот настап на учесниците.

Од Ротари клуб Прилеп истакнуваат дека основната цел на настанот е да се поттикне таканаречената „типкачка генерација“ повеќе да зборува, да размислува критички и јавно да ги изразува своите ставови, наместо само да комуницира преку екрани и тастатури.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.