Општина Свети Николе ќе додели по 3.000 денари на секое прваче.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев за МИА информираше дека на вчерашната седница на Советот е донесена одлука со која на сите запишани ученици во прво одделение им се доделува еднократен износ од 3000 денари како помош на родителите во овие тешки времиња за купување на ученички прибор на почетокот на учебната година.
– За да го остварат ова право треба да се достават соодветни податоци до одделенските наставници, за да може општината во најкраток рок да им ги префрли средствата, рече Владев.
Воедно, најави дека во наредната учебна година од буџетот на општината Свети Николе ќе се доделуваат парични средства на сите идни средношколци кои своето образование ќе го продолжат во СОУ ,,Кочо Рацин” Свети Николе.