Првата Амepиканка кoja шeтaшe вo вceленaта, cтанa пpвaтa женa кoja стигна до нajдлабоката точка во окeaнот (Фото)

Додека престојуваше во “Challenger Deep”, др. Кетрин Саливен комуницираше со космонаутите во Меѓународната вселенска станица.

Кетрин Саливен во 1984 година беше првата Американка која “шетала” во вселената, а сега стана и првата жена која се спушти до најдлабоката точка во океанот.

По завршувањето на факултетот во Санта Круз, др. Саливен, дипломиран геолог и океанолог, имала успешна кариера како космонаут во НАСА. Била член на три вселенски експедиции, а на 11 октомври 1984 година станала првата Американка која “шетала” во вселената.

Саливен имала успешна кариера и во образованието и политиката, како заменик државен секретар за прашања за атмосферата и океаните.

Таа е сеуште активна во истражување на планетата. На 7 јуни 2020 година, таа стана првата жена која се спуштила до најдлабоката точка на океанот “Challenger Deep”.

“Challenger Deep”, ова име е добиено според “HMS Challenger”, првиот брод на англиската морнарица кој извршувал мерења на ова место и стигнал до длабочина од 10.920 метри.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.