Пратeниците на распуст до 17 јануари?

Денеска нема да се одржи закажаната собраниска седница на која пратениците требаше да им поставуваат прашања на членовите на владата на Зоран Заев, кој вчера ја достави оставката до парламентот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите информира дека седницата за пратенички прашања закажана за денеска, нема да се одржи.

Тој оцени дека е нецелисходно да се одржат пратеничките прашања, бидејќи Владата е во оставка и тоа е воспоставена практика од минатото

Претседателот на парламентот вели дека во вакуумот до избор на нова влада нема да има нови седници, затоа што владата во оставка не би требало да предлага закони.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, вчера изјави дека е крајно невообичаено на седница за пратенички прашања да се констатира оставка, а истовремено да им се оневозможи на пратениците да им поставуваат прашања на министрите со оглед на тоа што тие ќе ја вршат работатат до избор на нова Влада.

Таа потсети дењка од јуни немало седница за пратенички прашања кои, како практика, се одржуваа последниот четврток во месецот.

„. Сега укажувам на еден чуден феномен, а тоа е дека од 24 јуни ние не сме имале пратенички прашања, што значи дека не сме можеле да ја оствариме контролната функција во името на граѓаните“, изјави Силјановска-Давкова.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.