“Пратеничка од Прилеп горда на Северна Македонија??” (Видео)

На вчерашната седница на Собранието се расправаше за интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски, која владеачкото мнозинство доцна синоќа ја одби, а Спасовски ќе продолжи да ја извршува функцијата прв човек на полицијата.

На седницата пратеничката Павлинче Честојнова и реплицираше на пратеничката од Прилеп Кети Смилеска.

“Вие кога ќе си одите во Прилеп, кажете им на вашите прилепчани, колку таа Северна Македонија како што вие ја нарекувате, е безбедно место за живеење. Уште колку човечки животи треба да згаснат, за вие да сфатите дека министерот треба да си даде оставка? Дали сте свесни каков страв владее помеѓу луѓето, посебно во Скопје? Дали сте свесни дека после 18:00 часот нема родител кој слободно ќе си го пушти своето дете по скопските улици? Дали вие би ги пуштиле вашите деца? Одговорете колешке на тоа прашање”, и порача Честојнова на Смилеска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.