Пратеничка од Босна пред новинарите: Јас одбрав да бидам пратеник и да земам толкава плата, да сакав помала ќе бев новинар (Видео)

Босанската пратеничка Сања Вулиќ стана хит на социјалните мрежи после скандалозно однесување пред новинарите

На новинарско прашање дали смета дека ја заслужува својата пратеничка плата која е инаку висока, таа даде изненадувачки одговор.

“Јас ја одбирав својата работа, јас не сум ви крива што вие сте новинари и што вие можеби сте незадоволни со вашата плата. Јас одбрав да бидам пратеник, законот дефинирал толкава плата. Јас да сакав помала плата би се занимавала со нешто друго. Новинарстово е одлично, јас тоа го сакам, тоа е моја несудена љубов. Можеби кога ќе излезам од овие води ќе се занимавам со новинарство, и тоа истражувачко”, вели Вулиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.