Пратеничката од СДСМ позитивна на кopoнавиpyc: Во моментов се наоѓа во болница

Инфомакс дознава дека пратеничката на СДСМ од Прилеп, Кети Смилеска е заболена од опасниот коронавирус. Нашата редакција ја контактираше пратеничката по што добивме потврда дека е тестирана и е позитивна на заразата.

Таа во болницата е сместена од саботата кога нејзината состојба се влошила, но како што вели за “Инфомакс” сега веќе е подобра. Смилеска апелираше до своите сограѓани прилепчани мерките да се почитуваат, бидејќи како што вели почитувањето на мерките не биле на задоволително ниво.

Смилеска посочува дека сака информацијата да биде споделена за што поголем број на граѓани да разберат дека станува збор за сериозна работа. На пратеничката и посакуваме да ја победи болест и што побрзо опорави.

Се чини дека Прилеп станува нов епицентар на епидемиајта во Македонија откако само денеска се регистрирани 10 новозаразени со што вкупниот број на инфицирани лица во Прилеп е 85.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје изминатите 24 часа почина маж на 66 годишна возраст, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.