Донесување на петтиот пакет економски мерки останува неизвесно. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште се во собраниската салаи како што велат, СДСМ цел ден бега од донесување на законите од петиот пакет мерки за граѓаните и економијата.
-Како Пратеници се уште сме во салата за седници во Собранието на Република Македонија, како и цел ден, бараме да се изгласаат Законите составен дел на петиот пакет мерки за помош на граѓаните од последиците од пандемијата. СДСМ цел ден бега, и не сака да се донесе петиот пакет на мерки, вели пратеничката Жаклина Пешевска.
ВМРО-ДПМНЕ втор ден по ред бара носењето на економската помош за граѓаните и фирмите да биде приоритет.
Обвинуваат дека во период кога речиси 16.000 граѓани чекаат плата, а голем број фирми помош од државата, власта игра политички игри без граници.