Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од колицијата „За подобра Македонија“ денеска на заедничка координација одлучија да се откажат од јаловата дебата која што се води во Собранието на Република Македонија, информираат тие.
-Пратеничката група заклучува дека е кажано се и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и Договорот од Преспа кој што беше отфрлен од народот на Референдум. Истовремено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ апелираат и до пратениците од владејачкото мнозинство и тие да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по предлогот на Владата на Република Македонија за уставни измени, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја изразија својата увереност дека предложените измени и амандманите на Уставот нема да минат во Собранието на Република Македонија и со тој свој став го запозна раководството на ВМРО-ДПМНЕ, при што едногласно ја потврдија својата позиција дека ќе гласаат против уставните измени.