Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски кој пред две години го доби четвртото дете, пролетва ќе стане татко на уште едно.
Милошоски и неговата сопруга Симона ќе станат побогати за уште едно детенце, потврди пратеникот за порталот “Фактор”
Убавата вест пратеникот веќе ја споделил со своите блиски пријатели и колеги а покрај трите ќерки и единствениот син, Милошоски очекуваат машко бебе.
Пратеникот не ја крие возбудата, а од бракот со Симона досега ги имаат ќерките Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12) – додаваат од “Фактор.мк”.
Фото/ Фејсбук профил на пратеникот Антонио Милошоски