Подгответе се за празничен викенд исполнет со незаборавна атмосфера, одлична музика и многу позитивна енергија – само во Pub Club Terasa во Прилеп!
Во деновите кога се празнува Денот на народното востание и кога градот ќе врие од народ, најдобрата тераса подготви музичка програма за топло добредојде и одличен помин на сите гости во градот под Марковите Кули.
Во петок, 10. октомври, со почеток од 21:30часот, настапуваат дечките од “Метрополис Бенд”, дуото од Прилеп со кое ќе уживате во одличен репертоар на македонски и екс ЈУ хитови.
Во сабота, 11. октомври, за прв пат во Terasa Pub Club, настапуваат МАЕСТРАЛНИТЕ, Мартин Овен и Илија Кикиритков – необичен спој на виолина и гитара, талентирани музичари кои верувајте дека вреди да се чујат и да се ужива во нивниот настап.
Ваше е да соберете убава екипа, да резервирате навреме на телефонскиот број: 070-304-967 и да уживате во прекрасниот амбиент кој го пружа Pub Club Terasa.
Kaко и секогаш, тимот на Terasa ве очекува со огромен избор на закуски и мезлаци, над 30 видови на пиво и секакви освежителни пијалоци.
Наздравје и убав помин!