Празнична одбојка во Прилеп! Утре сите во сала да ги поддржиме ветераните од “11 Октомври” – потребна е победа за влез во “фајнл – фор”

Пред нас претстои големиот национален празник, Денот на народното востание – 11-ти Oктомври, а токму на тој ден празнично, се игра и последното коло од одбојкарската лига на ветерани, овојпат токму во Прилеп.

Неслучајно, клубот кој го носи и името на овој голем празник, “11 Oктомври – ветерани”, игра против фаворизираниот тим од Велес, со напомена дека прилепчани мора да се покажат во одлично светло ако сакаат да играат во разигрувањето на четирите најдобри екипи во првенството.

Досегашниот скор е 3 победи и 2 порази, но недостига уште една победа за сигурен пласман на final four турнирот. Во петок, на програмата се три турнирски натпревари и тоа:

10.00h Велес- ЗСВ Спортист Струмица
12.00h ЗСВ Спортист Струмица- Гевгелија
13.30h 11 Октомври Прилеп – Велес

Натпреварите се играат во спортската сала при СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп (медицинско училиште).

Овој убав празничен, неработен ден, искористете го да ги видите и поддржите нашите одбојкари, но и сите одбојкарски ветерани кои во минатото ја носеа и развиваа македонската одбојка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.